Кошаркарите на Гостивар се многу блиску, турбулентната сезона да ја спасат со опстанок во Првата лига.
Во клучниот натпревар, гостиварци на домашен терен го победија Тиквеш со 84-69 и сега им треба само триумф против отпишаниот Вардар во последното коло за да си обезбедат уште една сезона во елитата. Да биде подвигот уштее поголем, остварен е со само петмина кошаркари бидејќи Дарко Соколов и Вук Ѓорѓевиќ беа повредени. Дури во финишот, кога победникот беше решен, Малинков во игра ги пушти Сулејмани и Кироски.
Одлучувачки беше одличниот почеток на Гостивар кој првата четвртина ја доби со 24-12, а на голем одмор замина со +16 (45-29). Тиквеш се доближи на -9 во третата и во последната четвртина, но не ја загрози победата на домашниот тим.
Триото Грушановиќ-Елис-Митевски постигна 72 од 84 поени на Гостивар, а Елис и Митевски беа блиску и до трипл дабл. Младиот Чадамов ја искористи поголемата минутажа и со 22 поена беше најефикасен кај Тиквеш.


