По само два натпревара од секоја серија, завршено е четвртфиналето од Втората македонска кошаркарска лига.
Пласман во следната фаза обезбедија екипите на Маџари, Ангели, Соколи и МЗТ Скопје УБ. Од нив, само младите „штркови“ ја немаа предноста на домашниот терен и во серијата со Црн Дрим влегоа како аутсајдери. Нивниот успех дополнително добива на значење ако се знае дека тимот од Струга го победија со само седум кошаркари во ростерот.
Најинтересно во вторите натпревари беше на мечот меѓу Бутел и Соколи каде штипскиот тим дојде до победа со кош во последните секунди. Останатите екипи остварија убедливи победи и суверено го обезбедија учеството во полуфиналето.
Следната фаза, всушност, е финална кога станува збор за место во Првата лига бидејќи победниците од тие серии изборуваат пласман во Првата лига. Од преостанатите четири екипи, искуство од елитната конкуренција имаат Ангели и МЗТ Скопје УБ, додека во случај на триумф на Маџари и(ли) Соколи, тие ќе бидат дебитанти во Првата лига.
РЕЗУЛТАТИ
Охрид – Маџари 67-97 (0-2)
Борец – Ангели 64-83 (0-2)
Бутел – Соколи 69-70 (0-2)
МЗТ Скопје УБ – Црн Дрим 77-65 (2-0)
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Маџари – МЗТ Скопје УБ
Ангели – Соколи


