Борбата за пласман во Првата лига почнува денеска со воведниот дуел од серијата меѓу Маџари и МЗТ Скопје УБ. Победникот од неа ќе го даде едниот од двата патника во елитен ранг, а вториот ќе биде познат по пресметката меѓу Ангели и Соколи. Мечот меѓу Маџари и МЗТ Скопје УБ почнува во 19 часот.


