Поранешниот тренер на Пелистер, Блокотехна, АВ Охрид, Кожув, Лирија, Приштина и Раховеци, Марјан Илиевски ќе биде 15. селектор на македонската кошаркарска репрезентација, неофицијално дознава КОШ.МК.
Тоа ќе биде круна во кариерата на 49-годишниот стручњак кој, меѓу другото, има две интернационални титули, освоени во БИБЛ лигата како тренер на Приштина и Блокотехна. Илиевски ќе го наследи Александар Јончевски кој беше на селекторската функција од 2023 година, а ќе има исклучително тешка задача во претквалификациие за Светското првенство што ќе се одржат во август.
Неофицијално, промоцијата на Илиевски ќе се одржи идната недела кога и ќе ја преземе новата позиција.


