На денешната прес-конференција беа промовирани и членовите на стручниот штаб на Марјан Илиевски, односно македонската репрезентација.
Во тимот на селекторот се искусни имиња, професорот по кошарка на Факултетот за спорт, Борче Даскаловски, потоа Бобан Митев и некогашниот член на стручниот штаб на Бурса, Мирко Петревски.
Сите тие треба да помогнат во враќањето на сениорската кошаркарска репрезентација на старите патеки.


