Потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Младен Ѓуроски најави максимален ангажман за доброто на репрезентацијата во следниот период.
Тој и целокупното раководство ќе се обидат да обезбедат најдобри услови за националниот тим, со цел кошаркарите подготвени да ги пречекаат претквалификациите за Светското првенство.
„Мило ми е што Илиевски ја прифати понудата и се надевам на успех во неговата работа. Од страна наа Кошаркарската федерација, можам да ветам дека репрезентацијата ќе ги добие најдобрите услови за работа, играчите и селекторот ќе треба само да се фокусираат на своите натпревари и да остават срце на терен. Единствено што барам е поддршка и од медиумите и од целокупната спортска јавност во земјава“, рече Ѓуроски.


