Актуелниот вицешампион на Македонија во женска конкуренција Крива Паланка во новата сезона ќе го забележи своето деби на меѓународна сцена.
Клубот од истокот на земјава го пријави своето учество во ВАБА 2 лигата (пандан на машката АБА 2) со што ќе се обиде да го продолжи својот развој. Последната сезона Крива Паланка го оствари најголемиот успех во историјата со пласманот во финалето од домашниот плејоф.
Апликацијата за учеството во ВАБА 2 е испратена денеска, а во следниот период, раководството во соработка со тренерот Виктор Петровски ќе се обиде да направи конкурентен тим чија цел е да се покаже во што подобро издание во регионот.


