По четири сезони во низа во АБА 2 лигата, поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер прави нов чекор во својот развој.
Во новата натпреварувачка кампања, битолскиот тим ќе се натпреварува во ФИБА Лигата на шампионите, првпат во својата историја. Пелистер го пријавил своето учество во квалификациите за ова натпреварување и ќе се обиде да стигне до главната фаза, заедно со уште 23 екипи кои се во оваа конкуренција.
Во случај да не успее, Пелистер ќе може да се пријави во групната фаза ФИБА Европа купот и таму да продолжи да игра во натамошниот дел од сезоната што би му гарантирало уште шест меѓународни натпревари.
Своите противници во квалификациите, Пелистер ќе ги добие на ждрепката што ќе се одржи на 2 јули во Лозана.


