Една од главните теми во грчката јавност овие два дена е најавата на Кошаркарската федерација на (Северна) Македонија дека повторно ќе го смени името на организацијата и ќе ја тргне придавката „Северна“.
Речиси сите медиуми кај нашиот јужен сосед ја анализираат оваа ситуација и тврдат дека тоа не е во согласност со договорот меѓу Македонија и Грција.
„Новиот претседател на Федерацијата, Томе Главчев предложи две идеи за промена на името во Македонска кошаркарска федерација или Национална кошаркарска федерација. Управниот одбор го го прифати првиот што е колизија со Преспанскиот договор“, тврдат Грците.
Главчев и неговите соработници од Управниот одбор веќе понаа постапка за промена на името што би било враќање на едно од поранешните имиња на Федерацијата. Нејасно е како на Грците им пречи само името на Кошаркарската федерација ако се знае дека ниедна друга од водечките федерации во земјава не го смени името и се уште во него стои само Македонија, без придавката „Северна“.


