Американскиот интернационалец Џастин Гордон ќе биде прво засилување за актуелниот вицешампион ТФТ во пресрет на новата натпреварувачка кампања.
Деталите со него се договорени и се очекува во текот на утрешниот ден официјално да биде потпишан договорот на една година. Гордон ги покрива позициите 3 и 4, а ќе биде замена за Зек Браун кој доживеа тешка повреда во финалната серија против МЗТ Скопје и го очекува пауза до крајот на годината.
Последниот клуб за кој настапувал Гордон е словачката Нитра, а покрај тоа, играл и во Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Унгарија, Холандија, Португалија, Романија и Шведска. Во дресот на Нитра просечно постигнувал по 14,2 поена и 5,2 скока по натпревар.
ТФТ сериозно се подготвува за новата сезона во која се враќа во АБА 2 лигата, а не е исклучено да игра во уште едно меѓународно натпреварување.


