Со денешната прозивка, официјално стартуваа подготовките на сениорската репрезентација за претквалификациите за Светското првенство во 2027 година, а со тоа и новата ера на националниот тим.
На клупата во иднина ќе биде Марјан Илиевским, новиот селектор од почетокот на располагање има десетмина кошаркари, претежно од младиот бран, а со текот на времето бројката ќе се зголемува. Почетокот на подготовките е означен во Кале, првите три дена ќе се тренира во овој објект по што репрезентацијата се сели во Гевгелија, а планирани се и неколку подготвителни натпревари.
Натпреварите од претквалификациите се играат од 2 до 20 август, а ривали во групата ни се Романија и Унгарија.


