Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томица Главчев беше присутен на денешната прозивка на репрезентацијата пред претквалификацискиот циклус за Светското првенство.
Тој им посака многу среќа и здравје на кошаркарите кои идниот месец ги очекуваат дуели со Унгарија и Романија.
„Она во што сум убеден е дека ‘болеста’ која во изминатиот перид, за жал, многу често беше дел од нашиот тим, од нашата репрезентација, ќе ја оставиме позади нас, и ве уверувам дека момциве кои што чувствуваат дека припаѓаат на македонската репрезентација, ќе се обидеме тоа нивно чувство и да го оправдаме. Да ги задоволиме вашите потреби и барања и ние сакаме, не само вие да бидете дел од нас, туку и ние да бидеме дел од вас.
Уште еднаш, пред се, сакам да ви посакам, многу здравје, имајте верба во вас, она што селекторот го зборуваше за хемијата, таа хемија секако ќе биде и од наша страна, подадена рака кон вас.
Сакам заедно да покажеме на оваа земја дека ова не се само први почетоци кон некој подруг пат, кон некое по друго чувство, туку за тоа каква би требало да биде кошарката во иднина“, порача Главчев.


