Македонската кошаркарска репрезентација ќе влезе драстично подмладена во претквалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство.
Меѓу помладите е и кошаркарот на Феникс, Андреј Митревски кој не е првпат во националниот тим, но со 22 години претставува светла иднина на македонската кошарка. Некогашниот младински репрезентативец ветува голема борба на дуелите со Унгарија и Романија и тврди дека никој во тимот не размислува да се откаже.
„Имаме краток, но доволен период за подготовки – околу петнаесетина дена пред натпреварите. Ќе се обидеме максимално да го искористиме тоа време, не само за официјалните мечеви, туку и за контролките со Швајцарија, кои ќе ни помогнат да влеземе во натпреварувачки ритам. Иако на хартија не сме фаворити во групата, тоа не значи дека нема да одиме на победа на секој меч. Ќе се бориме до последен атом и ќе дадеме сѐ од себе за пласман во следната квалификациска фаза“, порача Митревски.


