Крилниот играч Арсеније Вучковиќ по пауза од две годинуи се враќа во македонското кошаркарско првенство и тоа како член на финалистот во Купот, Кожув.
Во земјава тој доаѓа од Унгарија каде последната сезона беше член на Корменд и на 29 натпревари просечно постигнуваше по 11,1 поен и 5,7 скока. Меѓу другото, беше еден од најзаслужните што Корменд стигна до финалето од националниот Куп.
Во Македонија, Вучковиќ е познат по тоа што во сезоната 2022/23 го носеше дресот на Гостивар и беше еден од најдобрите во екипата. Покрај тоа, 26-годипниот кошаркар од БиХ има играно и во Црна Гора, Австрија, Чешка и Виетнам.


