Поранешниот шампион на Македонија, Работнички го донесе вториот нов странец во пресрет на новата сезона.
Станува збор за 24-годишниот американски кошаркар Џордан Онил кој во Македонија доаѓа од Финска каде ја поминал минатата сезона. Таму настапувал во второлигашот Кипина и имал одлична статистика со дабл дабл просек, од 22,8 поени и 10 скока по натпревар. Онил, кој ги покрива позициите 4 и 5, претходно играл во НЦАА, за универзитетите Алабама Стејт и Џексон Стејт и исто така бил еден од најдобрите.
Пред Онил, Работнички се засили со уште Американец, Брет Томпсон, но и со поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Наков. Во меѓувреме, договорите ги продолжија Стојан Ѓуроски и Виктор Ефремовски.


