Репрезентациите кои во август ќе учествуваат во претквалификациите за Светското првенство, во овој период играат подготвителни натпревари, како што е тоа случај со Македонија која последните два дена се судри со Швајцарија.
Пријателски дуел денеска имаше и првиот противник на Македонија во преткквалификациите, селекцијата на Романија која во Русе беше поразена од Бугарија со 76-78 по продолжение. Домаќините водеа на полувреме со 14 разлика (46-32), но Романците во вториот дел успеаја да ја достигнат високата негатива и да се изборат за дополнителни пет минути (72-72). Сепак, на крајот Бугарите покажаа карактер и победија, а кошот за триумф беше постигнат во последните секунди.
Двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски меч, в понеделник исто така во Русе.


