Македонската кошаркарска репрезентација забележа и втора победа против Швајцарија во подготвителните дуели одиграни во Гевгелија.
Денеска уште поубедливо, со 65-52 во мечот кој беше завршен нешто порано, на околу шест минути пред крајот, во договор на селекторите на двете репрезентации. Швајјцарија доминираше во првото, но Македонија беше апсолутно подобра во второто полувреме кога го направи пресвртот и поведе со двоцифрена разлика.
Џејкоб Вајли беше најефикасен во македонската репрезентација со 12 поени, единствен со двоцифрен ефект во нашиот тим.
За Македонија ова беше генерална проба пред стартот на претквалификациите за Светското првенство и мечот со Романија кој се игра в сабота.


