Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје е необично тивок во текот на летово, но и може да си го дозволи тоа со оглед на фактот што веќе има состав кој секако ќе атакува на сите трофеи во домашната кошарка.
Во тимот на Васко Атанасов нема да има многу нови имиња, но можно е да се најде еден повратник. Станува збор за српскиот интернационалец Андрија Бојиќ кој, неофицијално, е во преговори за кам-бек во Аеродром. Тоа би бил негов трет ангажман во МЗТ Скопје ако се знае дека таму играше од февруари 2018 до мај 2019 и потоа во сезоната 2020/21.
Со македонскиот првак, тој освои две шампионски титули, во 2019 и 2021 година, а играше и за Пелистер и тоа минатата натпреварувачка кампања.


