Откако претходните 16 дена се подтотвуваше во Скопје и Гевгелија, сениорската репрезентација на Македонија денеска го одржа првиот тренинг во салата во Куманово каде в сабота ќе ја пречека Романија.
Националниот тим замина со 15 кошаркари и во следните три дена ќе тренира на теренот на кој како домаќин ќе ги игра претквалификациите за Светското првенство. Таму ќе работи два пати на ден и ќе се вршат последните подготовки пред првиот меч кој е на програмата на 2 август.
Непосредно пред тој натпревар, ќе има уште еден рез во тимот бидејќи Илиевски треба да прецрта уште тројца кошаркари.


