Кошаркарскиот клуб Работнички прв ги започна подготовките за престојната сезона и тоа во значително изменет состав, со многу млади кошаркари.
На првата прозивка на новиот тренер Владимир Мирковски се појавија 11 играчи, а не тренираше Стојан Ѓуроски, кој се уште се рехабилитира од повредата на зглобот што го одвои и од репрезентацијата ова лето. Екипата ќе биде целосна на 23 септември, кога е планирано пристигнувањето на странските засилувања.
Тимот ќе се подготвува во Скопје, а во текот на септември ќе одигра девет пријателски натпревари:
• 06.09 – Соколи (во Штип)
• 09/10.09 – турнир во Гевгелија (со учество на екипи од Турција и Косово)
• 13.09 – Војводина (во Нови Сад)
• 14.09 – ОКК Београд (во Белград)
• 16.09 – Пеќ (во Скопје)
• 18.09 – Тиквеш (во Кавадарци)
• 20.09 – Гостивар (во Гостивар)
• 23.09 – Голден Игл (Косово, во Скопје)
Особено внимание ќе привлечат гостувањата во Србија на Војводина и ОКК Белград, две силни проверки кои треба да дадат појасна слика за квалитетот на обновениот тим на Работнички.


