Српскиот интернационалец Никола Малешевиќ официјално е прво засилување за поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер.
КОШ.МК го најави неговото доаѓање минатиот месец, а денеска битолчани потврдија дека со него во составот ќе дебитираат во квалификациите за Лигата на шампионите во септември. Малешевиќ е добро познато лице во Пелистер имајќи предвид дека ги бранеше боите на овој тим од 2020 до 2022 година по што играше и во Работнички пред да замине во Ираклис.
Со оглед на тоа што има 36 години, Малешевиќ е со завидна кариера во Србија и странство, играше во полските Шлонск и Косалин, романските Стеауа и Волунтари, Цибона, Ираклис, а во Пелистер се враќа од матичниот клуб Слобода Ужице за која настапуваше претходната сезона.
Пелистер наскоро ќе ги почне подготовките за новата сезона, а се очекува до крајот на оваа недела да се знае и името на новиот тренер на тимот.


