Кошаркарот на ТФТ, Виктор Ташовски го одигра својот најдобар натпревар во репрезентацијата и има огромен придонес за триумфот против Унгарија.
Постигна 14 поени, но со својата енергија особено во првото полувреме претставуваше еден од лидерите на тимот. По мечот, 23-годишниот плејмејкер го изрази своето задоволство од играта на целиот тим.
„Конечно стигнавме до првата победа, можеби требаше и порано да дојдеме до неа, но мора од некаде да се почне, а тоа, еве, се случи денеска. Можеби резултатски не значеше ништо овој меч, но за нас како млада екипа, многу значи. Се надевам дека ќе продолжиме вака и ќе стигнеме до големо натпреварување. Одигравме одличен натпревар, покажавме дека овој тим има квалитет кој во иднина може да се надградува“, рече Ташовски.


