Подмладениот македонски национален тим вечерва триумфираше против Унгарија во последниот меч од претквалификациите и со тоа им приреди задоволство на навивачите кои во релативно голем број дојдоа во Кале.
Меѓу посетителите беа и припадниците на „старата гарда“, репрезентативци кои претходните години оставија длабока трага во македонската кошарка. Покрај теренот беа браќата Војдан и Дамјан Стојановски, потоа нивниот соиграч од МЗТ Скопје, Бојан Крстевски, како и Стојан Ѓуровски.
Сите тие се длабоко навлезени во четвртата деценија од животот, но освен Дамјан, оостанатите се уште не се откажале од репрезентацијата и може да се смета на нив во претквалификациите за Европското првенство. Нивното присуство и на натпреварите, а можеби и во тимот во ноември, ќе биде од големо психолошко значење за голобрадите момчиња кои во овој циклус ги бранеа боите на Македонија.


