Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје денеска официјално ги почна подготовките за новата сезона во која повторно ќе ја брани тројната круна.
На првиот тренинг присуствуваа само македонските кошаркари, сите кои играа минатата сезона со исклучок на Марко Миловановиќ кој се уште не го продолжил договорот со клубот и Андреј Магдевски кој ќе се приклучи нешто подоцна бидејќи настапуваше за македонската репрезентација во претквалификациите за Светското првенство. Американските засилувања се очекуваат до крајот на оваа недела кога би требало да се комплетира тимот.
Сезоната за МЗТ Скопје ќе почне кон крајот на септември, со натпреварот од Суперкупот на Македонија против Кожув, а повторно ќе настапува на четири фронта: Првата лига, националниот Куп и АБА 2 лигата.


