Легендарниот македонски кошаркар, сега стручњак Тони Симиќ е назначен за нов тренер на шампионот на Македонија во женска конкуренција Баскет Кам.
Тоа ќе биде негов прв ангажман во женската кошарка во земјава, а на позицијата доаѓа на местото на Жаклина Стојановска која минатата сезона ја освои титулата во Првата лига. Минатата година Симиќ беше тренер на Шкупи, но се раздели со чаирскиот клуб по само неколку кола од сезоната, а потоа стана координатор на школата на Вибас.
Баскет Кам веќе неколку години е убедливо најдобар тим во македонската кошарка, три пати по ред е шампион и со највисоки амбиции ја очекува и новата сезона.


