Секогаш амбициозниот тим на Чаир на првиот ден од септември ги почна подготовките за новата сезона, а паралелно со тренинзите, го направи и планот за тест-натпревари.
Базичните подготовки ќе траат десетина дена, а почнувајќи од 12. септември чаирчани ќе одиграат пет меча до стартот на новата сезона. Првиот дуел е со Маџари, потоа следува меч со актуелниот шампион МЗТ Скопје на 16 септември, следниот викенд (19 и 20 септември) ќе се сретне со косовскиот Ули и Пеја, а генералната проба е планирана за 26 септември против вицешампионот ТФТ.
Чаир во текот на летото направи големи промени во составот, остана без целата стартна петорка од минатата сезона, но донесе тројца нови странци, Американците Остин Четмен и Џејлин Билингсли и Канаѓанецот, Калум Бејкер. Според најавите, тимот уште не е комплетиран и може да се очекува во следниот период уште некое засилување во екипата на Ерхан Рамадан.


