По Остин Прајс, Пелистер денеска објави дека постигнал договорот со уште еден американски кошаркар кој ќе го засили тимот во новата сезона.
Станува збор за крилниот играч Кевин Брејси Дејвис кој во Македонија доаѓа од израелското првенство каде настапувал минатата сезона. На 35 натпревари во дресот на Хапоел Мигдал, просечно постигнувал по 18,3 поени со 4,2 скока и 2,3 асистенции. Со 30 години, Дејвис има пребогато интернационално искуство бидејќи настапувал и во Австрија, Грција, Шпанија, Финска, Австрија, Германија итн.
Пред него, Пелистер ги промовира странските засилувања Никола Малешевиќ и Остин Прајс, како и македонскиот репрезентативец Андреј Митревски.


