Андреј Магдевски беше во улога на капитен во претквалификациите за Светското првенство и секако ќе биде дел од репрезентацијата во следниот циклус.
Македонија денеска ги доби ривалите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, ќе играме против Ирска, Азербејџан и Луксембург и нашиот национален тим ја има фаворитската улога во ова друштво. Сепак, Магдевски не сака да избрзува и е претпазлив на нешто повеќе од два месеца пред почетокот на натпреварите.
„Не не чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември и овие претквалификации ќе ги започнеме со позитивен скор“, вели Магдевски.
До крајот на оваа година, Македонија ќе одигра два меча, против Азербејџан на домашен и Ирска на гостински терен.


