Битолскиот прволигаш Пелистер со големи амбиции го очекува стартот на новата сезона во која првпат во својата историја ќе се натпреварува и во квалификациите за Лигата на шампионите.
За високите цели на клубот говори и фактот што денеска клубот го ангажира и петтиот странец во тимот. Во Битола поранешниот кошаркар на Кожув, Си Џеј Вилсон кој минатата сезона играше одлично во гевгелискиот тим. Таму беше најдобар играч со просек од 14,2 поена, 7,2 асистенции и 5,5 скока со просечен индекс 21,5, највисок во екипата која минатата стигна до финалето на Купот на Македонија.
Пред Кожув, Вилсон настапуваше и во Полска, каде со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим, а претходно беше дел и од шампионатите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ.
Вилсон е петтото странско засилување за Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс и Брејси Дејвис.


