Македонскиот вицешампион ТФТ продолжи со меѓународните тестови во пресрет на новата сезона во која повторно ќе учествува во АБА 2 лигата.
Викендов, тимот од Тафталиџе учествува на турнир во Самоков, во организација на Рилски спортист и во првото коло се сретна со домаќинот. Победи шампионот на Бугарија со 85-60 и потврди дека е подготвен за квалификациите за Лигата на шампионите на кои ќе биде домаќин од 19 септември.
ТФТ го претрпе четвртиот пораз за време на подготовките, но сите четири досегашни натпревари му беа против странски екипи: Арис, ПАОК, Каршијака и Рилски спортист. Утре вицешампионот се среќава со уште еден бугарски прволигаш – Балкан. На овој турнир требаше да настапи и МЗТ Скопје, но актуелниот првак на Македонија го откажа своето учество.


