Поранешниот шампион на Македонија, Работнички продолжи со пријателските натпревари, но и со пеколниот ритам во периодот на подготовките.
Почнувајќи од минатата недела кога учествуваше на турнир во Гевгелија, тимот од Градски парк денеска го одигра петтиот натпревар во период од осум дена. По Каршијака, Кожув, Војводина и ОКК Београд, Работнички на домашен терен ја пречека Пеја и ја совлада со 75-72.
Одлучи втората четвртина која нашиот суперлигаш ја доби со 30-20 и покрај тоа што ги загуби останатите три периоди од натпреварот.
Томпсон со 20 поени беше најефикасен играч воопшто на натпреварот, Онил и Хатсон постигнаа по 15, а Ефремовски 11. Пеја во следните денови ќе одигра уште два пријателски меча со македонски екипи, на 18 со ТФТ, а на 20 септември со Чаир. Што се однесува до Работнички, в сабота ќе игра со Гостивар, а на 22 септември со косовскиот Голден Игл во Скопје.


