Денеска во Кошаркарската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Суперлигата како што по ново ќе се вика елитната дивизија.
Дерби ќе има уште во првото коло, на 4/5 октомври кога ќе се сретнат долгогодишните ривали Работнички и Пелистер. Домаќин ќе биде 15-кратниот шампион на Македонија што значи дека Пелистер ќе ја почне новата сезона со истиот противник со кој ја заврши минатата.
Шампионот МЗТ Скопје во првото коло ќе гостува кај Маџари што значи дека дебитантот во Суперлигата на спектакуларен начин ќе го означи својот прв пласман во елитата. Второто дерби во воведното коло ќе го одиграат екипите на Кожув и ТФТ во Гевгелија.
ДВОЈКИ ЗА ПРВОТО КОЛО
Феникс – Ангели
Чаир – МКК Куманово
Кожув – ТФТ
Маџари – МЗТ Скопје
Гостивар – Тиквеш
Работнички – Пелистер


