Натпреварот од Суперкупот на Македонија во машка конкуренција ќе биде посиромашно за навивачката група на Кожув, „Фантоми“ кои попладнево не успеаја да допатуваат во Скопје.
Во близина на Велес, автобус со кој патувале кон престолнинината бил запрен и вратен назад поради што гевгеличани побараа натпреварот да не се одигра.
„На уредно пријавено гостување во рамките од Суперкупот на Македонија во близина на Велес нашиот автобус придружуван од неколку коли сме вратени назад за Гевгелија од страна на МВР без посебна причина.. Се што беше кажано е дека имаат таква наредба… Ова е срамота за кошарката ова е срам за федерацијата!!
Воедно упатуваме апел до нашиот миленик. КК Кожув да не истрча на теренот додека не биде сменета одлуката за автобусот да биде пропуштен назад за Скопје! Мечот без навивачи не смее да започне! Во спротивно оставете ја срамната титула нека си остане во Скопје!
ЗА КОГО СЕ ИГРА КОШАРКАТА !?!?!“, објавија „Фантоми“.
Засега е неизвесно дали кошаркарите на Кожув воопшто се свесни за она што им се случува на навивачите, но натпреварот вее почна.


