Еден ден по освојувањето на трофејот во Суперкупот, МЗТ Скопје донесе уште едно американско засилување во своите редови.
Нов играч на клубот од Аеродром е Мак Смит, добро познато лице во македонската кошарка бидејќи веќе помина две сезони во земјава, како член на Академија ФМП и Тиквеш. Минатата натпреварувачка кампања Смит ја помина во косовскиот Башкими, а летоска направи трансфер во швајцарскиот Фрибург, но брзо си замина оттаму и одлучи да ја прифати понудата од МЗТ Скопје.
За Фрибург одигра еден натпревар и тоа во квалификациите за Лигата на шампионите, против Шалон кој Швајцарците го загубија и беа елиминирани од ова натпреварување, а Смит на тој меч постигна осум поени.
Сега МЗТ Скопје има квартет американски кошаркари со кои ќе ја почне новата сезона. Во првото коло се среќава со Маџари, а идната недела почнува во АБА 2 лигата против Вршац на домашен терен.


