Поранешниот шампион на Македонија, Работнички се соочува со големи проблеми во пресрет на својот прв натпревар во новата сезона.
Денеска од 15 часот, тимот од Градски парк го пречекува Пелистер во дуелот кој требаше да биде дерби на воведното коло, но очигледно ќе биде далеку од тоа. Работнички има регистрирано само 11 кошаркари, а од нив, само тројца играа минатата сезона: Дамјан Робев, Виктор Ефремовски и Стојан Ѓуроски.

Тие тројца се и единствени во составот, родени пред 2000 година, но најинтересно е тоа што во тимот има двајца кошаркари од кадетската екипа. Станува збор за Андреј Аврамовиќ и Рон Јетиши, родени 2011 година, а тука е и 17-годишниот Бранислав Давитковски.
Новиот тренер на Работнички, Владимир Мирковски не може да смета на странските кошаркари затоа што клубот, поради суспензијата од ФИБА, не беше во можност да ги регистрира.


