Со дуел во Битола, денеска почнува вториот круг од новата сезона во македонското кошаркарско првенство.
Пелистер го пречекува Чаир нешто порано со цел да има повеќе време за одмор и подготовка пред дебито во ФИБА Европа купот, в среда против Цедевита Јуниор во Загреб. По убедливиот триумф против Работнички во Скопје во неделата, битолчани ќе се обидат да дојдат и до втората победа. Чаир во воведниот круг загуби на домашен терен од МКК Куманово, но секако со сите сили ќе го нападне Пелистер на негов терен.
Дербито на второто коло, на хартија, е дуелот меѓу ТФТ и Работнички, ама само ако тимот од Градски парк успее денеска да ги реши административните проблеми и да ги регистрира странските кошаркари. Ако тоа не се случи, повторно ќе биде десеткуван и не е исклучено да му се случи дебаклот од натпреварот со Пелистер.
Интересно се очекува да биде и во Кавадарци каде Тиквеш го пречекува Кожув во дербито на југот, додека второто коло го затвораат МЗТ Скопје и Феникс в недела.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – 2. КОЛО
10.10.2025 Пелистер – Чаир 19:00
11.10.2025 ТФТ – Работнички 13:00
11.10.2025 Тиквеш – Кожув 17:00
11.10.2025 Ангели – Гостивар 17:00
11.10.2025 МКК Куманово – Маџари 17:00
12.10.2025 МЗТ Скопје – Феникс 20:00


