Вицешампионот на Македонија во женска конкуренција, Крива Паланка го донесе првото засилување во пресрет на новата сезона која ќе биде историска за клубот.
Нов член на тимот од истокот е американската интернационалка Даја Грин која во земјава доаѓа од српското првенство, поточно од Спартак Суботица каде настапуваше минатата сезона. Таму беше една од најдобрите со просек од 12 поени, 7 асистенции и 6 скока, а има искуство и од Германија (15 поени по натпревар) и Романија.
Крива Паланка се подготвува за сезоната во која ќе влезе со уште поголеми амбиции. Првпат во својата историја ќе настапува на меѓународна сцена, во ВАБА 2 лигата, а ќе се обиде да отиде чекор понапред и да освои трофеј во македонската кошарка.


