Откако вчера го договори Арсеније Вучковиќ, финалистот во Купот на Македонија, Кожув денеска го донесе и второто засилување за новата сезона.
Во гевгелискиот прволигаш се сели довчерашниот капитен на Вардар, 22-годишниот Хусеин Бајрам кој ги напушта „црвено-црните“ по точно една деценија помината меѓу нив, вклучувајќи ги и младинските денови. Во Вардар ги помина сите младински категории, освои неколку титули, а на 17-годишна возраст влезе во сениорскиот тим.
Меѓу другото, беше еден од најзаслужните што Вардар се врати во Првата лига, но и да опстане две сезони во елитната конкуренција. Последната натпреварувачка кампања одигра 27 натпревари со просек од 14,3 поени и 3,1 асистенција.


