Американскиот интернационалец Џексон Дубински и претстојната сезона ќе настапува во македонското првенство откако денеска потпиша договор со финалистот во Купот, Кожув.
Во гевгелискиот клуб тој доаѓа од Работнички каде настапуваше минатата сезона, а Кожув ќе му биде трета станица земјава бидејќи претходно играше и за Еуро Никел, сегашен Тиквеш. Минатата сезона за Работнички одигра 25 натпревари во домашното првенство со ефект ос 10,2 поена, 5 асистенции и 2,9 скока.
Од странците кои претходно ги ангажираше Кожув, најверојатно ќе си замине Арсеније Вучковиќ, а покрај Дубински, ќе останат Родни Пурвис и Девон Хигс. За гевгеличани, сезоната почнува в недела со дуелот од Суперкупот на Македонија против МЗТ Скопје во Кале.


