Екипата на Гостивар неочекувано ги промени странците откако еден од нив го откажа договорот со клубот.
Станува збор за Маркус Мајерс кој навел семејни проблеми како изговор да не дојде во Гостивар. На негово место е ангажиран Глен Абрам кој ги покрива бековските позиции, а во Македонија доаѓа од грузиското првенство каде лани беше ллен на ТСУ. На 24 натпревари, просечно постигнувал по 10 поени, 4,2 скока и 3,6 асистенции и бил еден од најзаслужните што ТСУ стигна во финалето и во плејофот и во Купот на Грузија.
Претходно, Абрам бил член на кипарскиот Енозис, на босанскиот Зрињски, а универзитетските денови ги поминал на Вест Вирџинија Стејт.


