Откако вчера се договори со Ренато Димитриевски, Гостивар денеска го врати уште еден свој поранешен играч.
Во тимот доаѓа 22-годишниот Кристијан Столески кој веќе настапуваше за овој клуб од 2018 до 2020 година и таму ја почна професионалната кариера. Како и Димитриевски, Столески е гостиварец, ги помина сите репрезентативни категории во генерацијата 2022, минатата сезона ја помина во Вардар, а претходно играше и за Работнички и Охрид.
Последната натпреварувачка кампања, Столески одигра 28 натпревари, најмногу во екипата на Вардар, а просечно постигнуваше по 6 поени и 3,7 скока.


