Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Василевски е третиот кошаркар на ТФТ кој дополнително е повикан во националниот тим, на подготовките пред стартот на претквалификациите за Светското првенство.
Претходно, Илиевски ги повика Виктор Ташовски и Тома Стојаноски кои не беа на првичниот список на кошаркари, но вчера се приклучија на репрезентацијата во Гевгелија. Василевски ќе му се стави на располагање на селекторот в понеделник и ќе тренира последните две недели.
Плејмејкерот беше дел од У20 репрезентацијата која пред две години го освои сребрениот медал на Европското првенство Б-дивизија во Скопје. Заедно со него од актуелните репрезентативци, во таа селекција беа уште Тома Стојаноски, Амар Хот и Андреј Митревски.


