Васко Атанасов останува со максимален ефект кога станува збор за трофеите во македонската кошарка откако во 2023 година го презеде МЗТ Скопје.
Еден од најмладите стручњаци во елитната конкуренција по трет пат триумфираше во Суперкупот на Македонија со тоа што годинава неговиот најмногу се намачи да го сруши својот ривал, во случајов Кожув. МЗТ Скопје долго време се мачеше, ама победи срцето на победникот што потенцираше и Атанасов во својата изјава по мечот.
„Видовме доста неизвесен меч, јас и во најавата кажав дека ни следи интересен дуел. Се надевам дека публиката уживаше. За нас, ние сме се уште еден нов тим, екипата кој ја видовте на терен е заедно помалку од десет дена и имаше само еден меч заедно. Некои работи кои требаше да ги правиме подобро не ги правевме, но знам дека ќе ги исправиме. Имам екипа на победници, искусни и добри играчи, за кои немам сомнеж дека ќе играат доста подобро во иднина“, рече Атанасов.
Тој го збогати своето конто трофеи освоени како прв тренер и сега во колекцијата има вкупно осум пехари: по три во првенствотон и Суперкупот и два во Купот на Македонија.


