Македонскиот првак МЗТ Скопје брзо реагираше и донесе нов американски интернационалец, на две недели пред почетокот на новата сезона.
Дресот на клубот од Аеродром повторно ќе го облече американскиот интернационалец Хуан Дејвис. Тој е добро познато име во МЗТ Скопје затоа што играше за овој тим во сезоната 2021/22 кога „штрковите“ ја освоија шампионската титула во домашното првенство и обезбеди пласман во АБА лигата како финалист во второлигашката конкуренција. Раководството на клубот од Аеродром постигна договор со него за претстојната сезона и тој, практично, ќе биде замена за неговиот сонародник Грег Џонсон кој не ги помина лекарските прегледи.
Дејвис по заминувањето од МЗТ Скопје помина две сезони во тимот на Задар со кого освои две шампионски титули во хрватското првенство.


