Македонскиот прволигаш Чаир ги продолжи договорите со неколку стандардни кошаркари од претходната сезона, но во исто време ангажира и две странски засилувања.
Во северната скопска населба доаѓаат канадскиот бек Калум Бејкер и американскиот крилен играч Џејлин Билингсли. Бејкер има искуство во европската кошарка бидејќи минатата сезона ја помина во германскиот второлигаш Бајројт каде просечно постигнувал по 7,5 поени, 2,2 скока и 2,2 асистенции. За разлика од него, Билингсли кој е висок 203 сантиметри, првпат во кариерата ќе настапува во Европа откако лани дипломирал на универзитетот Источен Мичиген.
Во следниот период Чаир планира да донесе уште неколку засилувања со кои ќе атакува на нови успеси во претстојната сезона.


