Македонскиот вицешампион ТФТ последните три дена беше гостин во Солун каде се сретне со грчките прволигаши Арис и ПАОК.
Јасна е разликата во квалитет меѓу клубовите и лигите од двете земји, па затоа и не се изненадување високите порази што ги претрпе скопскиот клуб. Пред два дена од Арис загуби со 64-130, а денеска од ПАОК со 66-119. Гордон беше најефикасен на денешниот натпревар со 22 поена, а Дејвис постигна 14.
ТФТ по овие два меча се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за новата сезона, а следните тестови ќе ги има идниот викенд, односно од 13 до 15 септември кога ќе учествува на турнир во Самоков, со домаќинот Рилски спортист, МЗТ Скопје и Балкан.


