Покрај сето она што го даде за МЗТ Скопје во овие три години откако дојде во екипата, Војдан Стојановски вечерва беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим во Суперкупот на Македонија.
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на нашата кошарка постигна вкупно 13 поени, но уште долго ќе се зборува за тројката што ја погоди на околу 30 секунди пред крајот, а со која го скрши моралот на фантастичниот противнички тим.
Војдан погоди на секунда пред крајот на нападот за, во тој момент, +4 за МЗТ Скопје по што актуелниот шампион мирно го приведе мечот кон крајот.


