Со вчерашните натпревари официјално заврши основниот дел од сезоната во Втората лига по што се формирани и двојките за плејофот.
На првите две места завршија екипите на Маџари и Ангели кои во најголем дел од првенството и беа при или на врвот. Двете екипи имаат идентичен биланс (18/4), но Маџари е првопласиран поради подобриот скор во меѓусебните дуели (победа од 11 и пораз од два разлика). Во последен момент извиси тимот на Соколи кој во 22. коло доживеа неочекуван пораз од „фенерџијата“ Работнички 2018 и штипјани го овоија третото место.

Форммирани се и четвртфиналните двојки, а поради предноста на домашниот терен во првите две фази од плејофот, Маџари и Ангели се и фаворити за пласман во Првата лига. Во четвртфиналето и полуфиналето се игра до две победи, додека за шампионот на Втората лига одлучува само еден меч.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
(1) Маџари – Охрид
(2) Ангели – Борец
(3) Соколи – Бутел
(4) Црн Дрим – МЗР Скопје УБ
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3


