Амбициозниот клуб Маџари од истоимената скопска населба е прв патник во елитната дивизија од Втората лига.
И во вториот меч од серијата со МЗТ Скопје УБ, Маџари славеше, со 78-55 и со вкупни 2-0 обезбеди пласман во прволигашката конкуренција. Денешната победа за тимот на Миодраг Тодоровиќ беше многу полесна отколку во саботата кога отпорот на младиот тим на МЗТ Скопје беше скршен дури во финишот.
Вториот патник во Првата лига ќе го дадат екипите на Ангели и Соколи. Ангели водат со 1-0, а вториот меч се игра вечерва од 19 часот во Штип.


