Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија ги изрече казните за првите натпревари од плејофот, а меѓу нив има и неколку чудни ставки, несвојствени за професионални клубови.
Дебитантот во елитата МКК Куманово, на пример, треба да плати вкупно 37 илјади денари од кои 30 илјади се за неинтонирање химна што е задолжително пред секој меч и уште 7.000 денари за тоа што немало разглас, претставување на екипите и соодветни топки за загревање.
Работнички ќе плати вкупна сума од 33 илјади денари од кои 24 илјади се за плукање службени лица, 8.000 за неспортско навивачи и 1.000 денари за немање лице за бришење на подот. Сумата во последната ставка не е голема, но неверојатно ги иритира навивачите на клубот од Градски парк кои сметаат дека тоа не е нивото на кое треба да биде Работнички.


